УХМР: Од утревечер, вторник и во среда повремени врнежи од снег

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре од вечерните часови, а потоа и во вторник и среда, ќе има повремени врнежи претежно од снег, со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет.

Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе бидат од дожд. Од четврток малку покачените утрински температури повторно ќе опаднат, а преку денот ќе има се повеќе сончеви периоди.

Извор: НетПрес