Крвава ноќ во Египет, најмалку 17 лица убиени, стотици ранети

Најмалку 17 лица се убиени, а стотици се ранети во немирите во Египет. Откако привремениот египетски претседател Али Мансур го распушти египетскиот парламент неколку лица се убиени во близина на зградата на Републиканската гарда во Каиро кога војската отворила оган врз демонстрантите, приврзаници на Мохамед Морси. Уште неколку лица загинале при напад на исламистите врз една од владините згради.

Новите податоци во врска со жртвите, кои ги објави Министерството за здравство на Египет, значително се поголеми за разлика од претходните.