Меѓународен ден на среќата

Меѓународниот ден на среќата едноставно е ден за да се биде среќен! Од 2013 година, Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден на среќата, како начин да се признае важноста на среќата во животот на луѓето од целиот свет. Во 2015 година ОН започнаа 17 цели за одржлив развој кои бараат да се стави крај на сиромаштијата, намалување на нееднаквоста, како и заштита на нашата планета – три клучни аспекти кои водат кон благосостојба и среќа.

За овогодишниот Меѓународен ден на среќата, Штрумфовите застанаа зад целите за одржлив развој на Обединетите нации.

ОН ги повикуваат сите луѓе, на секоја возраст, секоја училница, бизнис и Влада, да го одбележат Меѓународниот ден на среќата #SmallSmurfsBigGoals.

WebOhrid