Приведени девет лица по инцидентот на кошаркарскиот натпревар во Куманово

На 27.05.2016 година, околу 20,30 часот за време на одигрувањето на првенствениот кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК „Куманово“ од Куманово и КК „МЗТ“ од Скопје, во спортската сала во Куманово, полицијата превзеде мерки за спречување на нарушување на ЈРМ, при што привидени се девет лица.

Имено, во текот на третата четвртина од натпреварот од страна на публиката врз гостинските играчи се фрлени разни тврди предмети и недолично однесување при што од страна на делегатот во 20:28 часот е прекинат натпреварот, а од страна на иститот во писмена форма е побарано од страна на полицијата да се испразни салата за продолжување натпреварот.

Од страна на организаторот на разглас е побарано навивачите мирно да ја напуштат салата, меѓутоа истите започнале уште посилно да скандираат дека не сакаат да излезат, продолжувајќи со палење бакли и со фрлање на разни предмети кон теренот и полицијата, при што од страна на Единицата за брзо распоредување е пристапено кон празнење на салата со потиснување на навивачите.

По излегување од салата, навивачите продолжиле со нарушување на ЈРМ со фрлање на камења кон влезната врата на спортската сала, при што се скршени повеќе стакла и повредени се 3 полициски службеници, а оштетени се и две патнички моторни возила.

Од страна на полицијата масата е разбиена, а состојбата нормализирана, при што привидени се девет лица, од кои на шест им се изречени прекршочни платни налози за сторени прекршоци од ЗСННОСН, а за три лица кои се малолетни постапката е во тек.