Дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ

Утре со почеток во 9.30 часот во Конференциската сала во Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе се одржи дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ. Наведениот брифинг традиционално се организира во Република Македонија со цел презентирање на реализираните активности, како и претставување на плановите за развој на иницијативата. На настанот е предвидено да присуствуваат претставници од дипломатскиот кор, меѓународните организации присутни во Република Македонија, како и претставници од институциите кои имаат ингеренции во областа на миграциите. Предвидено е обраќање да имаат Д-р Агим Нухиу – Министер за внатрешни работи, како и Амбасадор Тамара Мугоша – Директор на МАРРИ Регионалниот Центар.