Пријавувањето на штети на земјоделски насади продолжува во Подрачната единица за МЗШВ во Охрид

Од Општина Дебрца ги известуваат земјоделците, на кои ниските температури кои ја зафатија Општината во изминатиов период, им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, согласно насоките на Министерстово за земјоделство, шумарство и водостопанство – Скопје, кои немаат поднесено барање за пријавување на штета до Општина Дебрца, барањата за штети од денеска потребно е да ги поднесуваат во Подрачната единица на Министерството за земјоделсто, шумарство и водостопанство во Охрид.