Државјани на Италија изработиле лажна платежна картичка

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.М. (46) и М.Б. (45), двајцата од Република Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка”. Пријавените, преку адвокат–полномошник, отвориле две фирми во с.Лабуништа, струшко, а на име на фирмите отвориле банкарски сметки во Охридска Банка-експозитура Струга и поднеле барање за инсталација на ПОС терминали на име на фирмите.

По отворање на банкарските сметки и добивање на ПОС терминалите, било поднесено дополнително барање до банката со потпис и печат од фирмите за дополнителна функционалност на ПОС терминалите, односно истите да поседуваат можност за извршување обична трансакција без физичко присуство на платежна картица. Откако ги добиле ПОС терминалите со наведената функционалност, истите внеле рачно на ПОС терминалите претходно прибавени броеви од платежни картички со туѓи податоци, при што се стекнале со противправна имотна корист од 1.852.393 денари, а на штета на АД ,,Охридска Банка”.