Пронајдена дрога кај жители од Ресен и Битола

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И. (28) од Битола и А.К. (28) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”.

На 31.07.2016 година околу 02.50 часот, во близина на плажа каде што се одржувал музички настан, извршен бил преглед на А.К., при што кај истиот се пронајдени и одземени 0,37 грама мешавина од тутун и марихуана, 0,72 грама марихуана, 1,5 таблета екстаза. А.К. марихуаната ја набавил од Н.И. за 500 денари.