Кривична пријава за жител од Радолишта поради фалсификување на исправа

РЦ за ГР Запад поднесе кривична пријава против Г.Д. (28) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа”.

На 03.04.2017 година во 08.43 часот на ГП „Ќафасан“ била извршена контрола на ПМВ „Мерцедес С 250“, сопственост на пријавениот. Од извршената детална контрола врз возилото констатирано било дека има несовпаѓање на идентификационите ознаки на возилото со тие во сообраќајната дозвола, при што е констатирано дека бројот не е оригинален, односно дека делот со втиснат број потекнува од друго возило.