Ограбен стан на ул.„ЈНА“ во Струга

На 07.08.2017 година во времето од 14:00 до 16:00 часот во Струга на ул.„ЈНА“, во стан сопственост на А.С. (57), непознат сторител извршил кражба, и одзел пиштол „ЦЗ-99“ со две рамки и 26 куршуми калибар 9мм, што А.С. го поседувал со дозвола, како и разновиден златен накит (белегзии, ланчиња, прстени) и пари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.