Го оштетил буџетот на општина Конче за 7.130.000 денари

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против М.А.(46) од с.Дедино, вработен во ЕЛС-Конче како помлад инспектор за заштита на животната средина и комунални работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело -“несовесно работење во службата“.

Имено, пријавениот во 2014 година, од страна на градоначалникот на општина Конче бил овластен да изврши прием на 12.000 литри нафтени деривати, одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање, во име на Општина Конче.

М.А. постапил спротивно на член 8 од склучениот договор помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Конче и дозволил, во три наврати, да се подигнат нафтени деривати во количина од по 660 литри или вкупно 1980 литри на нафта, од неовластено лице М.И. без притоа да се знае каде и како понатаму се искористени тие количини нафта.

На тој начин пријавениот му нанел штета на општинскиот буџет во висина од околу 7.130.000 денари, а останатите количини на нафтени деривати дозволил да бидат потрошени без за истите да се води соодветна евиденција.