Организиран превоз за граѓаните кои сакаат да бидат дел од „Охридска софра“

Во сабота(02.09 2017) во селото Скребатно, во организација на секторот ТЛЕР при општина Охрид, ќе се одржи “Охридска софра” на која бројни учесници ќе подготвуваат традиционална храна, како и еден од најпознатите традиционални производи кај гостите и туристите – Ѓомлезето.

За граѓаните кои сакаат да ја проследат Манифестацијата , Општина Охрид организира бесплатен превоз до селото Скребатно.

Тргнувањето е во сабота (02.09 2017) во 9:45 часот пред Охридска Банка – превозник Бале турс и 10:00часот пред Домот на култура во село Лескоец.

Се очекува ваквите Манифестации да придонесат за реализација на целите за развој на нови форми и содржини во општина Охрид и афирмирање на туристичките потенцијали особено на руралните средини.