Kривична за скопјанец поради предизвикување експлозија со плинска боца во стан во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (65) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

На 08.08.2017 година во стан во Охрид, сопственост на сопругата на пријавениот, настанала експлозија од која била оштетена целата покуќнина, како и вратите и прозорците во станот. Притоа, биле оштетени и повеќе возила кои биле паркирани во близина на зградата. Експлозијата настанала од плинска боца, а во станот бил само пријавениот.