МОН ја објавува финалната нацрт верзија на Сеопфатната стратегија за образование 2018-2025

Министерството за образование и наука изминатиов период интензивно работеше на креирање на нов стратешки документ за образовни политики во партнерство со тимот на експерти од A.E.S.A (Белгија) под Оперативната програма развој на човечки ресурси 2007-2013 – ИПА Компонента 4.

Од самиот почеток се следеа принципите на партиципативност и водство од страна на Министерството за образование и наука во процесот на подготовка на Сеопфатната стратегија за образование 2018-2025.

Голем број на состаноци, дискусии, дебати и конференции беа организирани во сите фази на изработка на документот, поточно, од утврдувањето на предизвиците и приоритетите до формулирањето на финалниот текст. Беа организирани и 7 регионални консултативни средби низ земјата. Во процесот на изработка беа опфатени над 650 лица, со вклучување на националните власти, јавните институции, социјалните партнери, образовните институции, развојните партнери, стручните лица и останатите чинители на полето на образованието.

Следејќи го принципот на транспарентност, Министерството за образование и наука ја споделува финалната нацрт верзија на Сеопфатната стратегија за образование 2018-2025, која ќе биде предмет на јавна расправа, а по завршувањето на овој процес истата ќе биде усвоена на седница на Владата на Република Македонија.

Финалната нацрт верзија на Сеопфатната стратегија за образование 2018-2025 можете да ја преземете тука.