Бадниковата пештера пристигна во ОУ „Христо Узунов“

Денес во основното училиште „Христо Узунов“ пристигна Бадникова пештера од манастирот „Свети Јован Бигорски“ изработена од вештите раце од монахињите при манастирот „Св. Георги“ – Рајчица. Пештерата беше пречекана од учениците, наставниците и директорот на училиштето Тони Симоновски, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ преку која ја пренесоа пораката дека Христос се роди заради нас, за да донесе мир на земјата и меѓу луѓето добра волја.

Директорот Симоновски изјави благодарност до манастирот „Свети Јован Бигорски“, односно до вредните раце на монахињите и монасите и до организаторите на Бадниковата поворка. Пештерата ќе го краси училиштето и ќе поттикне понатамошна соработка со организаторите за слични настани.

Освен тоа, учениците покажаа голема заинтересираност за посета на бигорскиот манастир која ќе се оствари на пролет.