Жител од Лабуништа починал додека бил на гости во Охрид

Синоќа во 22:30 часот во Полициската станица во Охрид од страна на лекар од Медицинскиот Центар – Охрид, пријавено е дека во куќа на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид, констатирана е смрт кај Ќ.Ф (62) од село Лабуништа-Струга. Истиот бил на гости кај Б.Б (51) каде му се слошило и паднал на подот. Увид е извршен од страна на увидна екипа при СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

повеќе...

Жител од струшко Џепин починал додека собирал дрва

Вчера околу 12.00 часот во с.Корошишта, струшко, на м.в. „Лак“, Р.К. (56) од с.Џепин, струшко, додека собирал дрва бил притиснат од едно дрво по што починал на местото. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

повеќе...

In Memoriam – Проф. Јованка Љаткоска

Вчера на 47 години ненадејно почина Проф. Јованка Љаткоска. „Во чест и спомен на Професор Јованка Љаткоска денес во 12:00 часот во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Комеморативна седница.“– информираат од ОУ „Братство Единство“. Посмртните останки ќе бидат изложени од 14:00 до 15:00 часот во капелата на градските гробишта Охрид.

повеќе...

Делегација на СДСМ оддаде почит на претседателот Борис Трајковски

Делегација на СДСМ во состав Диме Велковски, претседавач со ЦО на СДСМ, Цветанка Ласкова претседателка на Форумот на жени на СДСМ и Дарко Давитковски член на ИО на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, денеска, на 13 годишнината од неговата смрт. СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Република Македонија, кој посветено работеше на соработка и заедништо и отвори нови перспективи за граѓаните. Овие вредности остануваат водилка за генерациите кои…

повеќе...