Јован Стојаноски ја презеде градоначалничката функција во Охрид

Досегашниот градоначалник д-р Никола Бакрачески и новиот градоначалник проф. Јован Стојаноски денес извршија свечен чин на примопредавање на градоначалничката функција, со што Стојаноски од денес е новиот татко на Охрид. „Денес завршува еден мандат и почнува нов, завршува за мене, а почнува за новиот градоначалник на Охрид, г-динот Јован Стојаноски. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите охриѓани кои што во сите овие четири и пол години што ми ја дадоа довербата и што беа со мене. Сакам да ги уверам дека Охрид е навистина неизмерна вредност за чие негување и…

повеќе...

Јован Стојаноски е новиот градоначалник на општина Охрид

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски е новиот градоначалник на Охрид. Негов противкандидат на овие локални избори беше Митко Тилевски од ВМРО-ДПМНЕ, како и независниот кандидат Стевче Стевоски. Јован Стојаноски освои 18.262 гласови или 54,07%, Митко Тилевски 13.560 гласови – односно 40,15%, а Стевче Стевоски освои само 679 гласови, односно 2,01%. WebOhrid

повеќе...

Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општина Дебрца

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за Општина Дебрца, Зоран Ногачески е новиот градоначалник на општината. Тој доаѓа на местото на досегашниот Игор Трајкоски, кој му беше и противкандидат на овие локални избори. Зоран Ногачески освои 1.785 гласови, односно 56,70%, Игор Трајкоски 1.212 или 38,50%, а Јадранка Бибан 55 гласови, односно 1,75%. WebOhrid

повеќе...

Завршен митинг на СДСМ и коалицијата во Охрид

Вечерва на градскиот плоштад во Охрид се одржа завршниот митинг на СДСМ и коалицијата „Живот во Охрид за сите”. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник, Јован Стојаноски, и носителот на листата на кандидати за советници, Константин Георгиески. Се обрати и премиерот на Република Македонија Зоран Заев. „Гордо,транспарентно и одговорно, стоиме исправени пред Вас, за уште еднаш да Ве увериме дека целосно стоиме на дадениот збор и дека ќе донесеме „Живот во Македонија за сите“. Ќе донесеме нов живот во Охрид,живот кој ни беше одземен, со единаесетгодишното криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и…

повеќе...

Одржан завршниот митинг на СДСМ и коалицијата во Белчишта

Денес во Домот на Културата во Белчишта се одржа завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Свои обраќања имаа кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. „На 15ти октомври ќе си ја вратиме нашата Дебрца, слободарска Дебрца. Дебрца е наш заеднички дом. Во Дебрца сите треба да си ја гледаме својата шанса и својата иднина. Затоа со мојот тим, со кандидатите за советници имаме визија, имаме план да ја развиваме Дебрца, да ги искористиме нејзините силни…

повеќе...

Стојаноски: Во недела да му ја вратиме слободата на Охрид

Нема поважна мисија од тоа Охрид да го направиме општина за сите граѓани. Првиот чекор е создавање на инфраструктура за сите. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина. Истакна на денешната завршна прес-конференцијата кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски. „Нема ништо поважно од здравјето на луѓето. Затоа наш приоритет е обезбедување на чиста и здрава вода за пиење и чист воздух. Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во…

повеќе...

Јовановски: Наша цел е Охрид да биде отворена и услужна општина за сите

Наша цел е Охрид да биде отворена и услужна општина за сите. Граѓаните да добиваат побрзи и поквалитетни услуги од јавната администрација. Затоа предвидуваме развојот на Охрид да биде со максимална употреба на паметните технологии. Паметниот урбанистички развој на градот обезбедува максимален квалитет на живот со минимално трошење на ресурсите. Сето тоа го правиме со користење информациски технологии со кои ќе се воспоставуваат современи одржливи форми на комуникација и мобилност. Ова денес го истакна кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата, Филип Јовановски. „Најпрво создаваме институционална рамка за паметен урбан…

повеќе...

СДСМ Охрид: Неспособноста на ДПМНЕ се гледа во секое јавно претпријатие

ОО СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Веројатно како што им се ближи денот кога ќе ја загубат локалната власт, од ДПМНЕ се повеќе се губат во сопствените лаги. Се чини најзбунет од сите во редовите на ДПМНЕ е директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Во неговото вчерашно излагање, покрај редовните жалопојки, овој човек се дрзна да зборува за некакво физичко и психичко малтретирање на вработени во јавните претпријатија кога на власт беше СДСМ. По се изгледа, Симоноски доби инспирација за вакви говори откако пред само…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски, ајде кажи колку општински пари и додели на твојата сестра!?

ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски во изминативе четири години општинските пари наменети за финансирање на граѓанските организации во голема мерка ги делел на роднински и партиски подобни здруженија на граѓани, без почитување на одлуката за критериумите и постапката за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и фондациите од буџетот на општина Дебрца, донесена од советот на општината. Особено , посебна грижа водел за неговата сестра, која е основач на Здружението “Мавивест”, од село Велмеј, организација за која никој   и  да не слушнал…

повеќе...

Утре во Белчишта ќе се одржи завршен митинг на СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија”

Утре ќе се одржи завршниот митинг на Коалицијата „Живот во Македонија” предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Митингот е закажан во Домот на Културата во Белчишта, со почеток во 16:30 часот. Свое обраќање на завршниот митинг ќе имаат, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески и Премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

повеќе...