12 12 12

12 декември 2012 година, 12 часот 12 минути и 12 секунди. Денес сме сведоци на еден редок временски феномен кога бројките на часовникот се поклопуваат и изгледаат вака: 12.12.12-12:12:12. Почнувајќи од 1-ви јануари 2001 година во 01:01:01 па се до денес, еднаш годишно бевме сведоци на ваква појава.

Според едни ова не претставува ништо посебно, но според други претставува и тоа како важен датум. На пример во Мексико се организираат туристички тури посветени токму на овој временски феномен, посета на „Земјата на Маите“ од 8-ми до 15-ти декември со вклучен специјален дочек на 12-ти во 12 часот и 12 минути.

mexico