Александар Станков во Виборг

Виборг во своите редови го доведе македонскиот напаѓач Александар Станков. Со овој трансфер Виборг се засилува за пролетниот дел од сезоната во данската прва дивизија. Станков претходно беше член на Хобро во истата дивизија, одигрувајќи 3 натпревари во кои постигна 2 гола. Иако својата професионална фудбалска кариера ја започна во Холандија во екипата на Рода, тој гледа напред кон предизвикот во Данска.

„Би сакал да играм на што е можно повисоко ниво, имам добиено впечаток дека Виборг е добар клуб со добар тренер. Виборг се залага за подобар фудбал на повисока сцена, а јас со нетрпение очекувам да бидам дел од тоа.“– истакна Александар Станков.

Александар Станков потпиша договор со Виборг кој ќе трае до 2014 година.

WebOhrid