Македонските интернационалци колку-толку активни за своите клубови

Изминатиот викенд во италијанската Серија А, Наполи изгуби на домашен терен од Болоња со резултат од 2:3. Горан Пандев влезе во игра во 46 минута кога Наполи губеше со минимални 0:1. Додека пак во Серија Б, Бари изгуби со 1:3 од Новара, а Стефан Ристовски беше заменет во 67 минута.

Горан Попов во одлична форма го одигра целиот натпревар за Вест Бромвич Албион против Вест Хем кој заврши без голови.

Во австриската бундеслига Салзбург со 7:0 го декласираше Матерсбург, Илчо Наумовски го одигра целиот натпревар за гостите но за жал не можеше да му помогне на својот тим барем да ја ублажи негативата.

Томе Пачовски бранеше цели 90 минути за белгискиот тим на Мехелен кој изгуби на домашен терен од Стандард Лиеж со 0:2. Пачовски дури и успеа да го спаси својот тим од поголем пораз кога одбрани пенал во 89 минута. Зулте Варегем забележа победа на свој терен против Генк со 3:2, но Александар Трајковски не влезе во игра, го проследи натпреварот од клупата за резерви.

Во повратниот дуел од бугарскиот куп, Ботев Пловдив отпадна откако на свој тереб загуби од Славија Софија со 0:1 односно со вкупен резултат од 0:4. Македонскиот дефанзивец Бобан Грнчаров го одигра целиот натпревар за домаќините.

На Кипар, Етникос ремизираше против Аполон Лимасол со резултат од 1:1, резервниот голман на Етникос Марко Јованоски не доби шанса, додека пак кај екипата на Аполон стартер беше дефанзивецот Бојан Марковски кој пожолте во текот на натпреварот, а беше заменет во 70 минута. АЕК Ларнака победи со 2:0 против АЛКИ Ларнака, нашиот репрезентативец од средниот ред влезе во игра во 46 минута, но не успеа да му помогне на својот тим  да се спаси од пораз. Од тренерска гледна точка нашите тренери забележаа победи, Мирсад Јонуз со Неа Саламис забележа победа против Олимпијакос Никозија со 3:2, а Тони Савевски со својот тим Омонија Никозија со 0:3  во гости успеа да победи против Аја Напа.

Во Азербејџан, голманот Един Нурединовски го одигра целиот натпревар за ФК Баку кој одигра 0:0 против Карабак во чиј состав стартер беше Муарем Муарем, кој излезе од игра во 62 минута. Уште двајца наши интернационалци се сретнаа во Азербејџан, Бујамин Асани со последнопласираниот Капаз изгуби со 0:2 од првопласираниот Интер од Баку во чиј состав играше Славчо Георгиевски и заработи жолт картон во 43 минута.

WebOhrid