Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ малопродажната цена на дизелот поевтинува за 1,5 денар за литар, екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 2 денари, додека пак цената на бензините останува иста.
Новата цена на Еуродизелот изнесува 71,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство е 60 денари за литар. Се намалува и цената на мазутот и изнесува 41,722 денари за килограм. Додека пак малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 останува иста и изнесува 82 денари за литар.