Според најновата ФИФА рејтинг листа, фудбалската репрезентација на Македонија со скок од 2 места се искачи од 83-то место на 81-то место. Овој скок се должи на победата која ја забележавме во пријателскиот натпревар против Словенија со 3:2, додека пак останатиот пријателски натпревар кој го изгубивме од Полска со резултат 1:4, не ни донесе поени. Следниот натпревар кој ќе го игра нашата репрезентација е исто така пријателски, против Данска во Скопје на 6-ти февруари.
Врвот на ФИФА рејтинг листата и понатака остана непроменет каде се наоѓа водечката тројка Шпанија, Германија и Аргентина. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Куба, која со скок од +41 се најде на 100-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Белизе од -23 и се најде на 167 место.
WebOhrid