Можно повторно воведување на визи за граѓаните од Западен Балкан

Од наредната година со цел да се спречи зголемениот број на барања за азил, можно е повторно воведување на визи за земјите од Западен Балкан, смета известувачот на Европскиот парламент за визна либерализација Тања Фајон.

„Постои опасност. Се очекува повеќе граѓани да побараат азил. Ние во Европскиот парламент расправаме, заедно со владите на земјите од Европската унија, околу Уредбата за механизмот за суспензија на безвизниот режим“. – истакна Фајон.

Според неа ако се усвои овој механизам можно е некои од земјите членки да побараат суспензија на безвизниот режим. Најголем број на лажни азиланти имаат малцинствата од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина.