Навивач на ПСЖ казнет за носење маичка со името на Бин Ладен

Судот во Париз казни навивач на ПСЖ  со 200 евра за носење на маичка со името на Бин Ладен. Полицајците што го уапсиле тврдат дека им рекол дека ја носи „во чест и сеќавање на водачот Бин Ладен“. 21 годишниот навивач тоа го негирал пред судот. „Полицаецот сакаше тоа да го кажам“, рекол навивачот и додал дека маицата се однесува на песна од француската рап група “La Fouine” која моментално претставува хит. Исто така навел дека меѓу навивачите видел маици кои се дури и полоши од оваа, а една од нив го носела името на озлогласениот нацистички водач, Адолф Хитлер.