Нурединоски уште два дена во болница

Според лекарските прегледи, македонскиот голман Един Нурединоски мора да остане во болница. При судирот кој го имаше нашиот голман со противничкиот напаѓач, тој за момент ја изгубил меморијата. Лекарите велат дека повредата е сериозна и дека уште најмалку 2 дена Нурединоски ќе биде под надзор на специјалисти. По снимките и анализите кои го очекуваат овие денови ќе се знае кога ќе биде пуштен од болница.

WebOhrid