Широки 71-72 МЗТ Скопје

За малку брегот ќе беше и тоа како широк за МЗТ Скопје. Во натпреварот од јадранската АБА лига на гостувањето против Широки, нашиот тим сепак успеа да победи. Доколку се судеше според првата четвртина која тимот на МЗТ ја доби со 8-22, сигурно сите ќе се сложеа дека нашите ќе имаат лесна задача. Но тие 14 поени предност се намалуваа, на полувреме имавме само 9 поени предност, предност која ја изгубивме во третата четвртина, па моравме во последната четвртина да „спасуваме глава“. Последната четвртина ни припадна нам со само еден поен предност, што се покажа како победнички.

Широки Брег 71-72 МЗТ Скопје

МЗТ Скопје со 24 бодови се наоѓа на 5-то место во АБА јадранската лига. Исто толку бодови има и екипата на Цедевита, но со подобар скор се наоѓа на 4-то место.

WebOhrid