Попов, Пандев и Пачовски блеснаа овој викенд

Горан Попов одигра одличен натпревар во кој неговиот тим Вест Бромвич Албион успеа да го победи Норвич. Попов беше заслужен за победата со тоа што му асистираше на Лукаку кој го постигна победничкиот гол во 82 минута. Попов во судиското продолжение од мечот заработи и жолт картон.

Горан Пандев влезе во игра во 68 минута и му помогна на неговиот тим Наполи да победи на гостувањето против последнопласираната Сиена. Пандев беше соборен во шеснаесетникот во 90 минута по што беше досуден пенал. Кавани успешно го изведе и го постави конечниот резултат од 0:2.

Бершот 0:2 Мехелен; тимот на нашиот репрезентативен голман Томе Пачовски забележа победа на гостувањето против Бершот. Пачовски го одигра целиот натпревар, а неговиот тим имаше играч повеќе од 69 минута, при резултат од 0:1. Монс и Зулте Варегем одиграа 1:1. Александар Трајковски беше употребен како тактичка замена кај гостите, влезе во игра во 89 минута.

АЛКИ изгуби од АЕЛ со резултат од 2:3. Никола Глигоров влезе во игра во 50 минута кога неговиот тим губеше со 1:2, но до крајот не успеа да извлечи реми, имаа поволен резултат од 2:2 се до 88 минута кога гостите успеаа да постигнат гол и да ги освојат трите бодови.

Тимот кој го води нашиот интернационален тренер Тони Савевски Омонија Никозија победи со 2:1 против Етникос, на клупата на Етникос беше резервниот голман Марко Јовановски, кој повторно не доби шанса. Мирсад Јонуз со својот клуб Неа Саламис ремизираше 1:1 против екипата на Пафос.

WebOhrid