Херои на добрината!

Фудбалската федерација на Македонија по повод новогодишните празници ги посети децата од “Специјална олимпијада Македонија“ и детскиот дом “11 Октомври“.

Репрезентативците на Македонија, Дејан Блажевски и Јован Костовски заедно со Генералниот секретар на ФФМ, Димитар Зисовски им подарија новогодишни пакетчиња, маички и дресови од нашата репрезентација на атлетите од ““Специјална олимпијада Македонија“. Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и Директорот на репрезентативните селекции, Петар Милошевски се дружеа со децата од домот “11 Октомври“.

Фудбалската федерација искрено им се заблагодарува за пријателскиот пречек. Гледајќи го напорот кој безрезервно го вложуваат, нивната волја, пожртвуваност и трпение, не може да се остане рамнодушен и да се даде скромен придонес да се почувствуваат посреќно.

“Чест ни е и среќни сме што соработуваме со детскиот дом “11 Октомври“. Спортот кој го водиме не соединува. Фудбалот е пасија, фудбалот е емоција, толеранција и респект…Фудбалот е магичен. Драго ни е што многу од децата во домот ги препознаа тие идеали. Се трудиме на секој начин да им помогнеме да ги остварат своите соништа. Од срце им благодариме за моментите кои ни ги посветија“, изјави Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, од срце пожелувајќи им среќни празници.

ffm2 ffm3 ffm4

извор: ФФМ