Утре ќе се одржи традиционалната матурска парада

Утре, 22-ри мај (петок), на Градскиот плоштад, со почеток во 12:00 часот охридските матуранти, како дел од големата европска манифестација „Матурска парада 2015“, која годинава ќе се одржи по 10-ти пат, ќе танцуваат квадрил на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“.

Десет минути пред почетокот на танцот, на градскиот плоштад, на матурантите ќе им се обрати градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.