Над 220 жртви од студот низ Европа

Студот и понатаму одзема животи низ Европа. Бројот на жртви од студеното време се искачи дури и до 220. Најголем дел од жртвите се во источна Европа, а најладно време е на Сибир, каде се измерени рекордни -50 степени, со дури 88 жртви.

И во Украина е слична состојбата каде што бројот на жртви се искачи на 83, додека пак во Полска 49 жртви. Многумина во Полска починале од вдишување на јаглерод моноксид, како резултат на грешка во системот на греење. Најголем број од жртвите низ Европа се бездомниците.

Снежната покривка и понатаму е голема на Балканот, која го отежнува не само сообраќајот туку и секојдневниот живот.