Нема преживеани во несреќата која се случи при пад на воен авион „АН-72“ во Казахстан, изјавија локалните сили за безбедност. Авионот се урнал на околу 20 км од градот Шимкент, во близина на границата со Узбекистан. Властите соопштија дека во авионот имало 20 граничари и 7 членови на екипажот. Причините за падот на авионот што се случи во 7:55 часот по локално време, сеуште не се познати. Истрагата е во тек.