Бебе спасено 25 часа по несреќата, родителите мртви

Едногодишно бебе преживеало тешка сообраќајна несреќа во која настрадаа неговите родители, спасено е 25 часа откако автомобилот бил пронајден во провалија длабока околу 100 метри во близина на градот Мармарис, јавуваат репортерите од Анадолија.

Младиот брачен пар од Турција настрадал во сообраќајна несреќа кога нивниот автомобил завршил на дното од околу 100 метри длабок кањон, а спасувачките екипи 25 часа по несреќата во автомобилот пронашле бебе кое со огромни напори едвај било извлечено од возилото. Бебето е префрлено во болница во Мармарис, од каде е соопштено дека состојбата на малата Зејнеп се подобрува и дека е надвор од животна опасност.

„Девојчето е донесено со многу ниска температура на неговото тело. Нивото на шеќер во нејзината крв беше екстремно ниско. По лекарските интервенции телото брзо реагирало и полека почнало да се опоравува. Девојчето е надвор од животна опасност, во болницата ќе го задржиме уште неколку дена“, изјави докторот на болницата во Мармарис.

Членовите од фамилијата се известени и поминуваат низ тешки моменти, од една страна жалат за брачниот пар, а од друга страна се загрижени за иднината на бебето.