Охрид со волшебен сјај

Охрид е веќе украсен и подготвен за Новата година и Новогодишните празници. Локалните власти за дочекот на Новата 2013 година најавуваат скромна, но сепак пријатна и весела прослава на градскиот плоштад. Велат дека за украсувањето и за организацијата одвоиле само 10 илјади евра.

Како и секоја година Охрид навистина изгледа волшебно, украсени се улиците, кејот, чаршијата, градскиот плоштад, домовите. И оваа година во Охрид не изостануваат странските туристи. Најбројни се гостите од соседните земји, најмногу од Бугарија и Србија, како и домашните гости кои се одлучиле најлудата ноќ да ја поминат во Охрид.

Забавата најпрво ќе започне на пладне за најмладите, во вечерните часови ќе настапат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, а ќе настапат и повеќе охридски пејачи. Дочекот на Новата 2013 година ќе биде означен со голем огномет.

Ukraseno02 Ukraseno03 Ukraseno04 Ukraseno05

WebOhrid