Пукна аквариум во Шангај, 16 повредени

Во Шангај, во експлозија на џиновски аквариум повредени се 16 лица. Аквариумот се наоѓал во приземјето на еден трговски центар во зоната на пешаците. Сите риби кои биле во него не успеале да преживеат, меѓу кои и 3 мали ајкули. Причините сеуште не се разјаснети, но можно е да предизвикано од наглото паѓање на температурата. Пукнал горниот дел од аквариумот, во кој нема вода и кој е осетлив на изненадни промени на температурата. Експлозијата на аквариумот, со 34 илјади литри, во кој пливале ајкули, желки и многу ситни риби, предизвикала поплава во трговскиот центар каде настанала општа паника. Од повредените најголем дел биле вработени во трговскиот центар.