Еден руски патнички авион се урна на автопат претходно надлетувајќи ја пистата на аеродромот во Москва. Првите информации беа дека загинале две лица, но според најновите податоци станува збор за 4 загинати. Официјални претставници изјавија дека околу 12 луѓе биле на авионот Туполев-204, кој имал лет број RWZ9268 и дека слетувал на аеродромот во Внуково.
Увидот на самото место покажал дека авионот се поделил на неколку делови, со предниот дел на автопатот, а трупот од авионот околу автопатот. Пријавено е дека неколку луѓе се повредени.
При удирањето забележан бил оган и чад на делови од авионот. Засега непотврдени извори велат дека авионот пристигнал од Чешка со околу 8 патници и 4 членови на екипажот.