Српското Министерство за внатрешни работи апелира за време на новогодишните празници да не се користи огнено оружје, петарди и останати пиротехнички средства, предупредувајќи дека за нивно неовластено користење и загрозување на безбедноста на граѓаните предвидена е парична казна од 20 000 динари, односно околу 175 евра или 60 дена казна затвор.
Освен вознемирувањето на граѓаните, со нестручно и невнимателно ракување со пиротехнички средства може да дојде и до несакани последици, како за повредување на други лица, така и за самоповредување.
Министерството им сугерира на родителите да им укажуваат на своите деца за можните опасности, како што се изгореници, исеченици, а често доаѓа и до повреда на дланките, губење на прсти и слично.
Во Србија, само од 2008 година до сега, поради нестручно работење со пиротехнички средства, повредени се над 50 лица, а за дочекот минатата година повредени биле 7 лица од кои 3 деца.
Доколку дете направи ваков прекршок, за неговите постапки одговара родителот, односно старателот. – истакнуваат од српското Министерство за внатрешни работи.