Ограбена продавница на „Apple“ во Париз

Неколку часа пред дочекот на Новата година во Париз, четворица непознати сторители ја ограбиле продавницата на „Apple“ што се наоѓа во квартот Опера, изјави агенцијата Франс Прес.

Криминалците успеале да го совладаат чуварот, украдената стока да ја натоварат во камион кој бил паркиран во близина на продавницата, па потоа да побегнат.

Украдената техничка стока се проценува на околу 1 милион евра. Според истрагата, ограбувањето траело цели 50 минути, во период од 20:50 до 21:40 часот. Претходно продавницата била затворена во 18 часот.