Јаневски нема да експериментира повеќе

Ако минатата 2012 година од аспект на нашата најдобра репрезентација ја оценивме како релативно успешна, има безброј нешта зошто е тоа така, тогаш во оваа 2013 во која навлеговме нe очекуваат дополнителни искушенија во “А” квалификациската група за СП во Бразил 2014 година.

„Нема веќе експерименти со составот, тоа со Полска беше што беше, сега за контролата со Данска на 6 февруари во Скопје ќе бидат повикани најдобрите. Оваа „генералка“ треба да се сфати максимално сериозно“, изјави Чеде Јаневски.

Нe очекуваат шест средби и тоа во март со Белгија дома и на гости, потоа во септември со Велс и Шкотска и во октомври со Велс на гости и со Србија исто така на гости.

извор: Македонски Спорт

фото: ФФМ