Куратица се спрема за 15-тиот карневал

„Традицијата е нашиот идентитет“ -вака гласи мотото на Курајчкиот карневал. Курајчани се подготвуваат за 15-тото јубилејно издание на карневалот. Последните неколку години фестивалот прераснува во вистинска традиција.

Здружението „Св. Василиј“ од село Куратица ги отпочна подготовките за успешна реализација на Василичарските манифестации. Најзначајниот дел се одвива ноќта помеѓу 13 и 14 јануари кога според прастарите пагански обичаи и ритуали во новогодишната ноќ се посетува секое домаќинство. Со музика и традиционалните василичарски маски, зетот, невестата, валегачот, бајачот и другите, на домаќините им честитаат и им посакуваат плодна Нова година. На 13 јануари се пали Василичарскиот оган кој што следните два дена ги грее душите на жителите и на посетителите на манифестацијата. Следниот ден во на 14-ти јануари, домаќинките ја подготвуваат традиционалната Василичарска храна – „варејнцата,“ топлата ракија и виното. Маскенбалот започнува во 18 часот и се одвива во две категории, возрасна и детска маска. Се очекува голема посетеност, како од локалното население така и од гости од земјата и странство.

Од здружението „Св Василиј“ од Куратица за деновиве најавуваат и прес-конференција.

WebOhrid