Одделот за недозволена трговија со дрога при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведе заедничка меѓуресорска криминалистичка истрага со Царинската Управа на Република Македонија, во насока на сузбивање на криминална група инволвирана во НТ со марихуана, при што на вчера (07.01.) пресечен е меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана на релација Албанија – Македонија и понатамошен транспорт во Кралството Холандија, при што се запленети околу 350 килограми марихуана.
За време на истрагата обезбедени се докази за криминална инволвираност на седум лица, при што е утврдено дека кон крајот на 2012 година и почетокот на оваа година, лицата Р.К. (64) и И.Н. (45), двајцата од с.Велешта, заради понатамошна продажба, од Албанија набавиле поголема количина марихуана, со намера истата да ја транспортираат од Р. Македонија до Кралството Холандија. Истите ги ангажирале лицата Г.П. (41) и И.М. (33), двајцата од Битола заради обезбедување на легален транспорт на душеци за кревети, а лицето Т.С. (42) од Битола бил задолжен да обезбеди транспортно возило и возач кој ќе го управува истото, како и да обезбеди извозни царински документи за легалната стока. Лицето Т.С. обезбедило ТМВ, а како возач на истото го ангажирал Ц.К. (57) од Битола, а додека за обезбедување на извозните царински документи го ангажирал Љ.С. (21) од Битола.
За таа цел од страна на ОНТД при ЦСОСК и ЦУ на Р.Македонија преземени се координирани мерки и активности, при што на вчера во 21,00 часот, на излез од Р.Македонија на граничниот премин „Меџитлија”, од страна на припадници на ЦУ на Р.Македонија извршена е контрола на ТМВ марка “МАН“ со велешки регистарски ознаки и приклучно возило, натоварени со легален товар кој се состоел од душеци за кревети, а управувано од Ц.К. При извршен детален преглед на товарното и приклучното возило во девет душеци за кревети пронајдени се вкупно 344 пакувања со правоаголна форма, облепени со широка селотејп лента со поединечна тежина од околу еден килограм, а со вкупна бруто тежина од околу 350 килограми.
Инаку, според документираните сознанија дрогата која што била набавена од Албанија и чијашто вредност на западноевропескиот пазар на големо изнесува околу 1.000.000 евра, вчера околу 17 часот била натоварена во камионот марка “МАН“ во селото Велешта. Имено откако камионот бил претходно натоварен со легалната стока (душеци) бил довезен од страна на Ц.К. во Велешта каде што од страна на Р.К. и И.Н. биле извадени девет душека а на нивно место биле ставени други девет идентични на претходните но со дрогата спакувана во нив. Одземените пакувања се предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР заради понатамошно вештачење. Лицата Р.К. и И.Н. се недостапни на органите за прогонот и истите не се обезбедени, додека останатите пет лица се лишени од слобода.
Од страна на Царинската управа на Република Македонија до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против лицата Р.К, И.Н. двајцата од с. Велешта, струшко, Г.П., И.М., Т.С., Љ.С. и Ц.К.сите од Битола. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” казниво по член 215 став 3 од КЗ на РМ. Од страна на ОНТД се преземаат интензивни натамошни мерки и активности со цел утврдување и на други лица инволвирани во случајот.