Неочекувана смрт на Спајдермен

Новиот стрип на Марвел растажи милиони обожаватели ширум светот, бидејќи во најновото издание на овој стрип, Питер Паркер, алтер егото на Спајдермен, умира.

Стрипот „Чудесниот Спајдермен број 700“ кој од неодамна се најде во продажба, растажи многу срца на обожаватели на „човекот пајак“, кои ги следат неговите авантури цели пет децении. Имено, во најновото издание, младиот Питер Паркер, умира во дуел против негативецот, доктор Октопус.

Авторот, Ден Слот, ваквата завршница ја објаснува така што на серијалот сакал да му даде нов живот. Паркер ја губи битката против Октопус, кој се обидува да го уништи светот додека неговото сопствено тело полека умира. Но тоа не значи крај на наследството на Спајдермен, бидејќи Октопус го префрла својот ум во телото на Паркер и почнува самостојно да го истражува животот на овој јунак. Негативецот во телото на суперхеројот доживува голема трансформација и почнува да прави добри работи, бидејќи Паркер последно што правел е тоа што ги ставил сите негови спомени и искуства кои го држеа на вистинскиот пат кон доктор Октопус. Дали тоа ќе го промени целосно…?