Екипите на „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“ деновиве започнаа активности за расчистување на тротоарите во централното подрачје и периферните делови од градот. Тротоарите темелно се расчистуваат од наносите од песок и земја и се расчистуваат од изникнатата трева и останата ниска вегетација. Притоа се опфатени и граничниците од коловозите, а се дотерува и зелениот појас околу нив. Со овие припремни подготовки ќе се овозможи полесно одржување на тротоарите во пролетниот период.
Денес се интервенира на „Булевар АСНОМ“ и ул. „Марко Цепенков“, а во наредните денови ќе се продолжи и со други улици.