„Facebook“ најпопуларен во 127 земји

Најпопуларната друштвена мрежа на светот, „Facebook“, уште еднаш го докажа приматот, затоа што, според истражувањата, претставува лидер во 127 земји.

Истражувањето на аналитичарите од друштвените медиуми покажува дека „Facebook“ станува дури и повеќе популарен. Од анализираните 137 земји, во дури 127 од нив доминира „Facebook“. Во Русија и во поранешните земји од Советскиот Сојуз, но и во Кина и Иран, имаат сопствени друштвени мрежи.

Според најновите податоци, Азија со 278 милиони корисници го зголеми процентот на употреба на „Facebook“, надминувајќи ја Европа која има 251 милион корисници.

Во Северна Америка регистрирани се 243 милиони, во Јужна Америка 142 милиони, во Африка 52 милиони и 15 милиони корисници во Океанија.