Македонија 30-28 Чиле

На 23-то светско првенство во ракомет кое се игра во Шпанија, денес во натпреварот од групата Б, во Севиља, Македонија играше против Чиле. Првото полувреме со бавно темпо измина во „запознавање“ на играта на двете репрезентации. Со неколку пресврти нашите успеаа да дојдат до предност на полувреме. Иако според режисерите на преносот од ова светско првенство, на малите екрани можевме да проследиме резултат од 11-9, сепак на полувреме официјалниот резултат беше 12-10.

Нашите ракометари добро го започнаа второто полувреме, со добра течна игра успеаа да направат подобра резултатска разлика. Но, темпото падна при крајот на натпреварот, неколку грешки по кои Чиле успеа да го направи натпреварот поинтересен во самата завршница. На само минута до крајот Чиле успеа да дојде до негатива од само еден гол. На крајот, за нијанса, сепак Македонија издржа и покажа дека е подобра од Чиле со резултат 30-28.

WebOhrid