Одбележана петгодишнината од хеликоптерската несреќа

По повод петгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на Воздухопловната бригада на АРМ, денес 12.01.2013 година, делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда на АРМ, Воздухопловната бригада, градоначалникот на Општина Петровец и членови на семејствата на загинатитите припадници на АРМ, со едноминутно молчење и полагање на венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на Катлановско Блаце им беше одадена почит на загинатите во несреќата.

Во хеликоптерската несреќа која се случи на 12.01.2008 година кај Катлановско Блаце, животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетан Бране Спасовски, капетан Игор Ѓорески, заставник Славчо Василев, заставник Тони Давитковски, постар водник Јанко Шириќ, постар водник Александар Тасковски, водник Мики Ивановски, водник Александар Васиќ и десетар Златко Вељановски.