Вевчанскиот карневал и официјално започна денес на пладне. Карневалското дефиле со маски се случуваше на вевчанските улици. Манифестацијата се одржува секоја година, настан кој се издвојува поради својата традиционалност и секако поради уникатните маски. Овој настан денес беше посетен од многу луѓе, како од Македонија, така и гости од странство. Освен домашните медиуми, карневалот неколку години наназад го следат и странски медиуми.
Вевчанци и оваа година ни претставија многу интересни маски. Покрај традиционалните маски: „Невеста и зет“, „Глупав август“, музичари и ѓаволи, имаше и актуелни случувања од нашето секојдневие и политичкиот живот.
Вевчанскиот карневал вечерва продолжува со фолк-програма и учество на Благица Павловска, Нино Величковски, Чаки Панкерот и Дијана бенд.
Утре, на 14-ти јануари, карневалот завршува со традиционалното вевчанско оро и палење на маските и традиционалниот оган во центарот на Вевчани.
И оваа, како и изминатите години, Министерството за култура го помага Вевчанскиот карневал со еден милион денари.
WebOhrid