Катар 30-34 Македонија

Македонија денес успеа да го победи и Катар. На 23-то светско првенство во ракомет кое се игра во Шпанија, ова е втора победа за нашите ракометари.

Во првото полувреме Македонија прикажа одлична игра, нашите беа супериорни и водеа со дури 8 голови на полувреме со резултат 13-21. Но во второто полувреме ни се повтори лошата игра исто како против Чиле и лесно можеше да се случи Катар да ја анулира предноста од првото полувреме. Сепак, до крајот успеавме се соземеме и да искористиме неколку шанси за да ја осигураме нашата победа. Резултатот на крајот беше Катар 30-34 Македонија.

Македонија следниот натпревар го игра во вторник против репрезентацијата на Исланд.

WebOhrid