Охрид и Македонија претставени на интернационалниот туристички саем во Утрехт

Претставници на туристичкиот еснаф од нашиот град и од Општина Охрид, со поддршка на Агенцијата за поддршка на туризмот на Република Македонија, од 8-13 јануари учествуваше на интернационалниот туристички саем во Утрехт, Холандија – Vakantiebeuers 2013. На штандот покрај туристичката понуда, беа промовирани и македонски вина од повеќе винарии. Tуристичките работници од Охрид, изразија задоволство од зголемениот интерес на холандските посетители на македонскиот штанд, што се должи и на ангажманот на холандските партнерски тур-оператори, посебно на „Корендон“ и „Туи“.

За време на одржување на саемот, раководителот на Секторот за ТЛЕР, г. Гоце Симоноски и претставниците на повеќе хотели, ресторани и туристички агенции од Охрид, остварија повеќе разговори со претставници на еминентни холандски туроператори. Договорени се повеќе промотивни активности за холандските туроператори и медиуми кои ќе се одржат годинава во Охрид.