По 15 пат во организација на Здружението Св. Василиј, вчеравечер во Куратица заврши дводневниот василичарски Карневал.
По продефилирањето на маските, беа избрани и најдобрите маски за 2013.
Од возрасните маски прво место им припадна на „Лорди“, второ на „Погребот во Куратица“ и третото место за „Гангнам стил на Курајчки начин“.
Од детските маски најдобри беа „Донки туризам Курајца“, втори „Патот до кенгурите“ и „Лудница“. Посебна награда добија и гостите од Прилеп со „Крали Марко и Црна Арапина“.
Карневалот беше посетен како од гости од целата држава, така и од иселеници од дијаспората кои секоја година доаѓаат за карневалот.
Дури и обилните врнежи од дожд, не ги попречи гостите да се забавуваат до 2:00 часот по полноќ со групата Маестрал и Татјана Лазаревска.