Тешка сообраќајна незгода кај селото Колари при што 2 лица го загубија животот

Две лица го загубија животот, а две имаат телесни повреди во тешката сообраќајна незгода што денес во 09 часот и 45 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај селото Колари.

Роза М. (53) и Ѓорѓи Н. (49) двајцата од Тетово на лице место им подлегнаа на повредите додека М.А. (49) од селото Туин и Н.Р. (39) од селото Зајас се здобија со тешки телесни повреди поради што се пренесени во ургентниот центар во Скопје.

Тешката сообраќајна незгода се случила помеѓу патничките моторни возила „Форд-фиеста“ со скопски регистарски таблици, сопственост на министерството за транспорт и врски, управувано од сега починатиот Ѓорѓи Н. и комбе марка „Фолксваген-транспортер“ со кичевски регистарски таблички управувано од сега повредениот М.А. во кое била и повредената Н.Р. Поради силината на ударот, на лице место починале Ѓорѓи Н. возач на возилото „Форд-фиеста“ и неговата сопатничка Роза М. кои со возилото се движеле  од Гостивар кон Кичево.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.

Во текот на денот, доктор на судска медицина врз телата на починатите ќе изврши обдукција.

Се преземаат мерки за утврдување на  причните за случената тешка сообраќајна незгода.